Претседателот Ердоган: Турција заедно со другите полиња постигнува значајни успеси и во спортот

Претседателот Ердоган во говорот што го одржа на промотивниот состанок за стипендија за спортистите репрезентативци рече дека Турција заедно и со другите полиња постигнува големи успеси и во спортската инфраструктура

1586269
Претседателот Ердоган: Турција заедно со другите полиња постигнува значајни успеси и во спортот

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган кој говореше на промотивниот состанок за стипендија за спортистите репрезентативци истакна дека апсолутно не е случајно тоа што институциите кои се предводници во академските студии постигнуваат блескави резултати и во спортот.

Ердоган рече дека Турција заедно и со другите полиња постигнува големи успеси и во спортската инфраструктура.

„Тоа е резултат на тоа што спортот и образованието се оценуваат како меѓусебно надополнувачки елементи. Впрочем ова сфаќање постепено се сместува во нашата земја. Инвестициите коишто ги реализираа нашите влади во спортското образование имаат многу голем придонес во промената на овој менталитет којшто се доживува во земјата. Турција за време на нашата власт заедно со другите полиња постигна големи успеси и во спортската инфраструктура.“ - рече Ердоган.

Појаснувајќи дека со доставената поддршка на спортистите почнаа да се добиваат и резултите со зголемување на бројот на освоени медали во сите спортски дисциплини, претседателот Ердоган информира дека младите спортисти кои со добиените спортски стипендии ќе постигнат одредени успеси ќе можат да студираат со стопроцентна стипендија на Факултетите на кои ќе бидат запишани. 

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган напомена дека и покрај пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) која го зафати целиот свет, турските спортисти постигнуваат големи успеси во спортските организации во кои учествуваат.

Тој рече: „Ја доставувам мојата благодарност до секој наш младинец одделно, кој го виори нашето знаме. Турција кон светла иднина ќе ја водат нашите млади кои се истакнале со постигнатите успеси во спортот, уметноста, науката, културата.“

 



Слични вести