Претседателот Ердоган и рускиот претседател Путин разговараа телефонски за бројни прашања

Според објавеното соопштение од одделот за комуникации во претседателството, во телефонскиот разговор беа разгледани чекорите со коишто ќе се развијат односите помеѓу Турција и Русија, а воедно беше направена проценка и на регионални прашања

1586330
Претседателот Ердоган и рускиот претседател Путин разговараа телефонски за бројни прашања

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган оствари телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин.

Според објавеното соопштение од одделот за комуникации во претседателството, во телефонскиот разговор беа разгледани чекорите со коишто ќе се развијат односите помеѓу Турција и Русија, а воедно беше направена проценка и на регионални прашања. 

Претседателот Ердоган во разговорот истакна дека постои можност за состанување на турските и руските експерти со нивните азербејџански соговорници за доведување во попродуктивна состојба на линиите за магистрален и железнички транспорт во Нагорно Карабах во врска со што продолжуваат работите за нивна повторна изградба по меморандумот од 11 јануари.

Велејќи дека Заедничкиот центар во Агдам успешно ја извршува својата задача за надзор и контрола на примирјето, претседателот Ердоган рече дека за одбрана на примирјето треба да се вложува заеднички напор.

Освен тоа, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган нагласи дека постигнувањето решение по прашањето на Сирија во најскоро време е од заеднички интерес,а воедно привлече внимание дека не треба да се пропушти и можноста којашто е создадена за воспоставување на мирот и стабилноста и во Либија.



Слични вести