Повик од Алтун до сојузниците во НАТО за солидарност со Турција во нејзината борба против тероризмот

Шефот на одделот за комуникации во претседателството Фахреттин Алтун пати повик до сојузниците во НАТО за солидарност со Турција во нејзината борба против тероризмот

1586358
Повик од Алтун до сојузниците во НАТО за солидарност со Турција во нејзината борба против тероризмот

Шефот на одделот за комуникации во претседателството Фахреттин Алтун во Регионалната дирекција на одделот во градот Измир организира панел на кој беше разгледан извештајот на експертската група на НАТО под наслов „НАТО 2030: Заедништво за нова епоха“.

Притоа Фахреттин Алтун упати повик до сојузниците на Турција во НАТО за солидарност во нејзината борба против тероризмот.  

Алтун во видео-пораката којашто беше објавена на отворањето на панелот истакна дека Турција која стана членка на НАТО пред 69 години денеска располага со втората најголема армија на Сојузот, се искачи на петтото место со најголем придонес во мисиите и операциите на НАТО, на четврто место која може да придонесува за Сојузот со авиони за рано предупредување и доставување на гориво во воздух и е една од осумте земји кои најмногу партиципираат во заедничкиот буџет на НАТО. 

Нагласувајќи дека Турција досега секогаш ги исполни и продолжува да ги исполнува своите ветувања кон НАТО во центарот на безбедносно-одбранбените планирања, Фахреттин Алтун рече: „Меѓутоа, отворено стои и тоа дека дојде време и Сојузот да се обнови себе сѝ, да се ажурира според приоритетите на заканите на денешницата и да се адаптира за 2030-тите години. Во тие рамки, очекуваме многу посилна солидарност од нашите сојузници пред нападите на коишто е подложена нашата земја.“

„Крајно е недолично дипломатски тоа што Соединетите Американски Држави (САД) кои ги сметаме за наш сојузник постојано заземаат позиција против Турција во нашата борба како против ПКК/ПЈД/ЈПГ, така и против ФЕТО.“ - рече Алтун и напомена дека тероризмот нема раса, боја, јазик и религија, а воедбо нема полза за никого начинот на приод од видот 'мојот терорист е лош, твојот терорист е добар".

Шефот на одделот за комуникации во претседателството Фахреттин Алтун истакна дека се сеќава со милост за убиените 13 граѓани од страна на терористичката организација ПКК во Гара во северниот дел на Ирак и го додаде следното: „Нашите американски колеги кои располагаат со свое мислење во однос на секој вид случување во Турција, е навредливо и ранливо тоа што зборуваат од 'својот стомак' во врска со убиството на нашите граѓани во Гара од страна на ПКК која се наоѓа на списокот на терористички организации на САД.“

 



Слични вести