Потпретседателот Фуат Октај во Анкара се состана со азербејџанскиот премиер Али Асадов

Потпретседателот Фуат Октај, денеска во Анкара се состана со азербејџанскиот премиер Али Асадов и делегацијата во негова придружба

1586194
Потпретседателот Фуат Октај во Анкара се состана со азербејџанскиот премиер Али Асадов

Турција ќе одигра ефикасна улога во обновата и изградбата на териториите на Азербејџан.

Потпретседателот Фуат Октај, денеска во Анкара се состана со азербејџанскиот премиер Али Асадов.

На остварената средба во претседателската палата „Куллијето“, потпретседателот Октај истакна дека чувствуваат задоволство од пречекот на азербејџанскиот премиер Али Асадов и делегациијата во негова придружба во домот на народот, што претставува и нивен дом.

Подвлекувајќи дека со децидната инструкција на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган се стоеше до крај покрај Азербејџан во точката на ослободување на териториите на Карабах (од ерменска окупација) кои 30 години беа заробени, потпретседателот Фуат Октај рече: „Ние сме еден народ и ќе го покажеме тоа. Не само на бојното поле, ќе бидеме заедно со вас и во обновата и изградбата на тие области.“

Азербејџанскиот премиер Али Асадов исто така истакна дека Турција исто како по прашањето на Карабах му доставува значајна поддршка на Азербејџан и по прашањето на епидемијата на Ковид-19, поради што рече дека и се заблагодаруваат на Турција и поради оваа поддршка.



Слични вести