Поддршка од Турција за образованието во подрачјето на операцијата Извор на мирот во Сирија

Во градчето Тел Абјад во подрачјето на операцијата Извор на мирот во северниот дел на Сирија е отворена за образование уште една гимназија која е обновена со поддршка на Турција

1586072
Поддршка од Турција за образованието во подрачјето на операцијата Извор на мирот во Сирија

Со поддршка на Турција во градчето Тел Абјад кое со реализираната операција Извор на мирот во северниот дел на Сирија е исчистено од сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК, се завршени работите за обнова и одржување на уште една гимназија која е отворена за образование.

На церемонијата на свечено отворање на гимназијата Хамам Туркмен во истоимената месност во градчето Тел Абјад која беше оштетена од страна на терористите на ЈПГ/ПКК, учествуваа валијата на Шанлиурфа Абдуллах Ерин, заменик валијата Огузхан Ерди Атак и претседателот на локалното собрание на Тел Абјад Ваил Ел Хамдо.

Ел Хамдо во говорот што го одржа овде истакна дека работите за обнова и одржување на гимназијата се завршени за многу кусо време и им се заблагодари на градоначалникот на Ерзурум Мехмет Секмен и на вработените во локалната самоуправа, за заслугите и придонесите.

Валијата на Ерзурум Абдуллах Ерин исто така истакна дека Република Турција ќе продолжи да фрла потпис на услуги со коишто ќе биде олеснет животот и ќе биде подготвено за во иднина населението во Тел Абјад, Расулајн, Сулук и Хамам Туркмен.

Велејќи дека со реализација на операцијата Извор на мирот подрачјето се стекна со спокојство и се обезбедени услови кадешто Сиријците кои се враќаат овде да можат да живеат човечки, валијата Абдуллах Ерин рече: "Нашите браќа на кои пред една година со приклештување од страна на ПКК им беа целосно одземени слободите, со подадената рака за помош на државата Република Турција можат да гледаат со поголема доверба кон својата иднина."

По одржаните говори зацвони ѕвончето за започнување на наставата во гимназијата.

Во Тел Абјад во 282 училишта учат 28 илјади ученици, во Расулајн во 149 училишта 14 илјади ученици.

Инаку, градчињата Тел Абјад и Расулајн со реализираната прекугранична операција Извор на мирот во октомври 2019 година беа ослободени од окупацијата на сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК.

 



Слични вести