Муслиманите вечерва ќе ја одбележат светата ноќ Лејлетул Регаиб

Програмата „Регаип Кандил Специјално“ којашто ќе се организира вечерва во џамијата Ајасофија во Истанбул ќе се емитува во живо на телевизискиот канал „ТРТ 1“ на Турската радио и телевизија (ТРТ)

1586130
Муслиманите вечерва ќе ја одбележат светата ноќ Лејлетул Регаиб

Муслиманите вечерва ќе ја одбележат светата ноќ Лејлетул Регаиб (Регаип Кандил) која во исламскиот свет се смета како наговесник на трите свети месеци, Реџеп, Шабан и Рамазан, исполнети со милост и берикет-изобилство.

Светата ноќ Лејлетул Регаиб се слави ноќта што ги поврзува првиот четврток и петокот од месецот Реџеп, од трите свети месеци кои се од големо значење за исламскиот свет, а исто така се смета и како „ноќ на милоста и берикетот“.

По повод Лејлетул Регаиб од страна на Генералната дирекција за верски услуги при Претседателството за верски прашања ќе бидат организирани различни програми и  манифестации.

Во тие рамки, програмата „Регаип Кандил Специјално“ којашто ќе се организира вечерва во џамијата Ајасофија во Истанбул ќе се емитува во живо на телевизискиот канал „ТРТ 1“ на Турската радио и телевизија (ТРТ).

Потпретседателот Фуат Октај во споделената објава на својот профил преку социјалната медија по повод одбележувањето на светата ноќ Лејлетул Регаиб го напиша следното: „Посакувам да биде аирлија за нашиот народ и за исламскиот свет благословената ноќ Регаип Кандил (Лејлетул Регаиб) која Великиот Аллах им ја наговестил на верниците како ноќ на милост, опростување и за обезбедување на сите нивни потреби.“

Претседателот за верски прашања Али Ербаш, исто така објави видео-порака по повод одбележувањето на светата ноќ Лејлетул Регаиб.

Ербаш во својата видео-порака објавена на социјалната мрежа Твитер го истакна следното: „На нашиот честит народ и на целиот исламски свет им ги честитам трите свети месеци и ноќта Регаиб кои ги опкружуваат нашите души, ги освежуваат нашите срца. Од нашиот Севишен Господар посакувам да стане повод за единство и слога за муслиманите и мир и спокојство за човештвото.“

 



Слични вести