Министерот за национална одбрана Хулуси Акар на состанок на НАТО преку видео-конференција

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар истакна дека на состанокот на НАТО што започна вчера, а ќе продолжи и денеска ги изнел ставовите и предлозите на Турција во врска со придонесите кон Сојузот и националните активности на тој план

1585801
Министерот за национална одбрана Хулуси Акар на состанок на НАТО преку видео-конференција
Milli Savunma Bakanı Akar NATO Toplantısı.jpg

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар на својот профил на социјалната мрежа Твитер сподели фотографии од состанокот на министрите за одбрана на НАТО што започна вчера преку видео-конференција, а ќе продолжи и денеска.

Министерот Акар истакна дека на состанокот ги изнел ставовите и предлозите на Турција во врска со придонесите кон Сојузот и националните активности на тој план.

Во меѓувреме, по првата седница од дводневниот состанок генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг одржа прес-конференција.

Столтенберг на едно поставено прашање истакна дека Турција е многу значаен сојузник на Алијансата на границата со Ирак и Сирија, која со нејзината инфраструктура во борбата против терористичката организација ДЕАШ обезбедува значајни придонеси.

Велејќи „Турција е НАТО сојузник кој најмногу пати од терористичките напади“, Столтенберг потсети дека моментално во Турција се згрижени милиони бегалци.



Слични вести