Ердоган: Борбата против тероризмот е национално прашање кое треба да се држи над сѐ

Претседателот Ердоган рече: „Прашањето со борбата против тероризмот е национално прашање кое треба да се држи над секој вид политичка кавга, пресметка и над дневните полемики“

1585784
Ердоган: Борбата против тероризмот е национално прашање кое треба да се држи над сѐ

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во дадената изјава по состанокот на претседателскиот кабинет меѓу другото се осврна и на борбата против тероризмот во врска со истакна дека прашањето со борбата против тероризмот е национално прашање кое треба да се држи над сѐ, секој вид политичка кавга, пресметка и над дневните полемики.

Тој рече: „Нашиот народ, по цена и на својот живот застанувајќи во одбрана на својата независност и иднина им одржа историска лекција на оние кои се обидуваат да ја принудат Турција да клекне на колена, искористувајќи го притоа секој метод од тероризам до пуч.“

Претседателот Ердоган ја сподели и следната информација: „Бројот на нашите шехиди (загинати борци) во реализираните операции од јули 2015 година досега внатре во нашите граници и надвор преку границата изнесува вкупно 1.259 од кои 401 војник, 443 припадници на жандармеријата, 299 полицајци и 116 безбедносни чувари. Уништени се вкупно 12.900 терористи од кои 6 илјади внатре во земјата и 6.900 надвор преку границата. Бројот на неутрализираните терористи достигна до 17.750.“

Велејќи „Во нашето минато не постои, не постоело и нема да постои срам поради експлоатација на одредена географија или општество“, претседателот Ердоган рече: „На оние кои со онаа нивна состојба полоша и од црниот катран се во потрага да и одржат лекција на нашата земја по човештво, правичност, право, правда, слобода, демократија им го велам следното: Најпрвин вие погледнете се во огледало и соочете се со вашите вистини.“

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган го додаде следното: „Прашањето со борбата против тероризмот е национално прашање кое треба да се држи над секој вид политичка кавга, пресметка и над дневните полемики.“



Слични вести