Во близина на Едирне се спасени група нерегуларни мигранти кои биле пред замрзнување

Министерството за национална одбрана соопшти дека во близина на градот Едирне се спасени група нерегуларни мигранти кои од страна на Грција биле насилно вратени по незаконски патишта во Турција и кои биле пред замрзнување

1585479
Во близина на Едирне се спасени група нерегуларни мигранти кои биле пред замрзнување

Спасени се група нерегуларни мигранти кои од страна на Грција биле насилно вратени по незаконски патишта во Турција и кои биле пред замрзнување.

Во објавеното соопштение од Министерството за национална одбрана се истакнува следното: „Група нерегуларни мигранти на кои од страна на Грција им биле одземени телефоните и парите, а потоа биле подложени на насилство и биле насилно приморани да бидат депортирани во Турција, беа спасени од местото на кое биле оставени зглавени и биле пред замрзнување. Потоа и беа предадени на градската команда на жандармеријата во Мерич во градот Едирне.“



Слични вести