Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу на 18 и 19 февруари во посета на Азербејџан

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу на 18 и 19 февруари во посета на Баку кадешто ќе се состане со азербејџанскиот министер за надворешни работи Џејхун Бајрамов, а ќе биде примен и кај азербејџанскиот претседател Илхам Алиев

1585656
Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу на 18 и 19 февруари во посета на Азербејџан

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу на 18 и 19 февруари (утре и задутре) ќе престојува во посета на Азербејџан.

Чавушоглу во Баку ќе се состане со азербејџанскиот министер за надворешни работи Џејхун Бајрамов, а ќе биде примен и кај азербејџанскиот претседател Илхам Алиев.

Во рамките на посетата, со учество на министерот за надворшени работи Мевлут Чавушоглу, азербејџанскиот министер за надворешни работи Џејхун Бајрамов и грузискиот вицепремиер и министер за надворшени работи Давид Залкалиани ќе се одржи и 9. троен состанок на министрите за надворешни работи на Турција-Азербејџан-Грузија. 

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу ќе оствари билатерална средба и со грузискиот вицепремиер и министер за надворшени работи Давид Залкалиани.

Во рамките на разговорите во Баку ќе бидат разгледани односите меѓу трите земји Турција, Азербејџан и Грузија и случувањата во однос на регионални прашања, како и чекорите коишто би можеле да се фрлат за развивање на соработката на ниво на стратешко партнерство. 



Слични вести