Министерот Хулуси Акар разговараше телефонски со својот британски колега Бен Валас

Британскиот министер за одбрана Бен Валас го достави своето сочувство за 13-те невини турски граѓани кои беа убиени од страна на сепаратистичко-терористичката организација ПКК, во областа Гара во северниот дел на Ирак

1585655
Министерот Хулуси Акар разговараше телефонски со својот британски колега Бен Валас

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар оствари телефонски разговор со британскиот министер за одбрана Бен Валас.

Во телефонскиот разговор пред состанокот на министрите за одбрана на НАТО што ќе започне денеска и ќе трае во текот на два дена, беа разменети мислења во врска со билатералните односи и регионалните одбранбени и безбедносни прашања, како и соработката во одбранбената индустрија.

Британскиот министер за одбрана Бен Валас го достави своето сочувство за 13-те невини турски граѓани кои беа убиени од страна на сепаратистичко-терористичката организација ПКК, во областа Гара во северниот дел на Ирак.



Слични вести