Ердоган: „Заштитата на јазикот е најсилно оружје против културниот империјализам“

Татковината прво ја чува јазикот, а потоа војската, поради што ние мора многу цврсто да го заштитиме нашиот турски јазик

1585026
Ердоган: „Заштитата на јазикот е најсилно оружје против културниот империјализам“

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече:

„Најсилната линија на одбрана што ќе ја воспоставиме против културниот империјализам е првенствено да го заштитиме нашиот јазик“.

Претседателот Ердоган присуствуваше на церемонијата на отворање на годината „Нашиот Јунус“ во Националниот конгресен културен центар Бештепе.

„Татковината прво ја чува јазикот, а потоа војската, поради што ние мора многу цврсто да го заштитиме нашиот турски јазик“ рече претседателот Ердоган  потенцирајќи:

„По повод 700-та годишнина од смртта на Јунус Емре, ние прогласуваме мобилизација под името „Светски јазик турски.

Најсилната линија на одбрана што ќе ја воспоставиме против културниот империјализам е првенствено да го заштитиме нашиот јазик.

Сè додека нашиот јазик ја губи моќта, не можеме да го спречиме фактот дека нашите политички граници и нашата заедничка култура и цивилизација се само една линија на мапите“.

Јунус Емре е народен поет кој беше пионер на турската поезија во Анадолија во 13 век.



Слични вести