Ердоган: „Борбата против тероризмот ќе продолжи со голема решителност“

Нашата рајска татковина не им ја предадовме на кукавиците и предавниците на терористичките организации како што се ФЕТО, ПКК, ДЕАШ и другите и нема да ја предадеме и по цена на нашите животи

1585596
Ердоган: „Борбата против тероризмот ќе продолжи со голема решителност“

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече дека борбата против тероризмот во земјата ќе ја продолжат со голема решителност се додека проблемот не биде целосно решен.

Претседателот на државата и претседател на Партијата за правда и развој (АК партија) Ердоган во својот говор на 7-от редовен покраински конгрес на партијата во Анкара се осврна на борбата против тероризмот.

Нагласувајќи дека ќе ги продолжат операциите се додека бе биде неутрализиран последниот терорист внатре и надвор од границите, Ердоган рече:

„Ние ќе ја продолжиме нашата борба со решителност додека не ја прегазиме главата на тероризмот и целосно не го решиме проблемот со тероризмот во оваа земја. Нашата рајска татковина не им ја предадовме на кукавиците и предавниците на терористичките организации како што се ФЕТО, ПКК, ДЕАШ и другите и нема да ја предадеме и по цена на нашите животи“.

Во освртот на новиот тип на епидемија на коронавирус (Ковид-19), претседателот Ердоган рече дека уште од првите денови на пандемијата, како држава, ниту еден наш граѓанин што живее во земјата или во странство, не оставивме без надзор.

Досега во Турција се вакцинираа 5 милиони 200 илјади луѓе и интензивно продолжува кампањата за вакцинација, рече Ердоган потенцирајќи:

„Нашата економија ја одржавме на нозе благодарение на посебните програми што ги спроведувавме за сите сегменти на општеството. Ние успешно управуваме со процесот со вкупниот капацитет на креветите за интензивна нега што се приближија до вкупниот капацитет во Европа и нашата здравствена армија кој изнесува над еден милион здравстѕвени работници“.



Слични вести