Борбата на Турција против Ковид-19: Починаа 86 лица, регистрирани се 7.325 позитивни случаи

Во Турција во изминатите 24 часа од Ковид-19 починаа 86 лица, направени се 117.121 тестирање од кои се регистрирани 649 новозаболени, додека дневниот број на регистрирани нови позитивни случаи изнесува 7.325 лица

1585666
Борбата на Турција против Ковид-19: Починаа 86 лица, регистрирани се 7.325 позитивни случаи

Во борбата на Турција против новиот тип коронавирус (Ковид-19) во изминатите 24 часа се регистрирани 86 смртни случај.

Бројот на починатите од почетокот на епидемијата досега достигна вкупно 27.738 лица.

Во изминатите 24 часа се направени 117.121 тестирање од кои се дијагностицирани 649 новозаболени. 

Дневниот број на регистрирани нови позитивни случаи изнесува 7.325 лица.

Заврши лекувањето на уште 7.209 лица, со што вкупниот број на оздравени од Ковид-19 во Турција се зголеми на 2 милиони 496 илјади 833 лица.

Во меѓувреме, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во дадената изјава по состанокот на претседателскиот кабинет го истакна следното: „Нашите градови (окрузи) според утврдените критериуми од страна на нашето министерство ги класифициравме во 4 групи и од почетокот на месец март го започнуваме процесот на постепена нормализација.“

„Со покажување на уште малку трпение, уште малку самопожртуваност стоиме на место од кадешто би можеле оваа неволја да ја извадиме од состојба на закана.“ - порача претседателот Ердоган.

 



Слични вести