Во напад на терористите на ЈПГ/ПКК со хаубица врз Ал Баб на северот на Сирија загина еден цивил, а еден е ранет

Сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК од градчето Менбич коешто продолжува да го држи под окупација реализира топовски напад со хаубица врз селата Ум Адесе и Сукерије во источниот дел на Ал Баб во кој еден цивил загина, а еден цивил е ранет

1584254
Во напад на терористите на ЈПГ/ПКК со хаубица врз Ал Баб на северот на Сирија загина еден цивил, а еден е ранет

Во реализиран топовски напад со хаубица од страна на сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК врз градчето Ал Баб во северниот дел на Сирија, загина еден цивил, а еден цивил е ранет.

Терористите на ЈПГ/ПКК, продолжуваат да го користат како база за реализирање на своите терористички акции градчето Менбич во северниот дел на Сирија, кое инаку треба да биде испразнето согласно постигнатиот договор од 22 октомври 2019 година помеѓу Турција и Русија.

Сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК од градчето Менбич коешто продолжува да го држи под окупација реализира топовски напад со хаубица врз селата Ум Адесе и Сукерије во источниот дел на Ал Баб во подрачјето на операцијата Еуфратски штит која беше реализирана од страна на Турските вооружени сили (од август 2016 до март 2017). 

Во нападот, според првични добиени информации во селото Ум Адесе загина еден цивил, а еден цивил е ранет.

Инаку, во реализираниот ракетен напад од страна на сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК врз центарот на градчето Ал Баб и на 8 февруари, беа ранети 9 мина цивили од кои 3 беа деца.



Слични вести