Претседателскиот кабинет утре ќе одржи состанок посветен на борбата против Ковид-19

На состанокот на претседателскиот кабинет во претседателската палата „Куллијето“ во Бештепе, во Анкара,  на основа на препораките на Научниот совет ќе бидат донесени нови одлуки во борбата против Ковид-19

1584646
Претседателскиот кабинет утре ќе одржи состанок посветен на борбата против Ковид-19

Претседателскиот кабинет ќе се состане утре во претседателската палата „Куллијето“ во Бештепе, во Анкара, под претседателство на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган.

На состанокот на кој ќе биде разгледана борбата против новиот тип коронавирус (Ковид-19), ќе има свое излагање министерот за здравство Фахреттин Коџа  кадешто ќе ги информира членовите на претседателскиот кабинет.

На состанокот, на основа на препораките на Научниот совет ќе бидат донесени нови одлуки во борбата против Ковид-19.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган претходно соопшти дека заедно со опаѓањето на случаите под одредена бројка се планира да се започне и календарот во врска со постепеното олабавување на ограничувањата во врска со еснафите и угостителските објекти.

На состанокот ќе биде поставено на дневен ред постепеното отворање под одредени правила на работните места и угостителските објекти чии дејности се ограничени.

На масата ќе бидат поставени и ограничувањата за движење (излегување на улица).

Согласно текот на епидемијата ќе бидат фрлени чекори за нормализација на база на градови, огрузи и области.

Во селските училишта започна наставата лице в лице.

На 1 март ќе се премине на настава лице в лице во сите основни училишта и во осмите и дванаесетите одделенија.

Подготовките коишто се прават по ова прашање ќе бидат поставени на масата на утрешниот состанок на претседателскиот кабинет. Ќе се разговара за датумот кога ќе се започне со настава и во другите одделенија.

На состанокот ќе бидат разгледани и последната состојба со порачаните вакцини од Кина и Германија и работите за развивање на домашна вакцина против новиот тип коронавирус (Ковид-19).

Освен тоа ќе биде направена проценка и на процесот на вакцинација којшто продолжува во Турција.

 



Слични вести