Пораки со сочувство до Турција за убиените 13 турски граѓани од страна на терористите на ПКК

Портпаролот на Европската комисија (ЕК) Петер Стано истакна дека ги виделе „загрижувачките вести“ во врска со убиството на 13 турски граѓани од страна на терористичката организација ПКК во областа Гара, во северниот дел на Ирак

1584217
Пораки со сочувство до Турција за убиените 13 турски граѓани од страна на терористите на ПКК

Европската унија (ЕУ) го изрази своето сочувство до Турција поради убиството на 13-те турски граѓани од страна на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Портпаролот на Европската комисија (ЕК) Петер Стано истакна дека ги виделе „загрижувачките вести“ во врска со убиството на 13-те турски граѓани од страна на терористичката организација ПКК во областа Гара, во северниот дел на Ирак.

Стано рече: „Би сакале да истакнеме дека на најискрен начин ги доставуваме нашите желби со сочувство до турскиот народ и ги  споделуваме болките на семејствата на жртвите.“

Генералниот секретар на Советот за соработка на туркофонските земји (Турскиот совет) Багдад Амреев исто така објави порака со осуда на убиството на 13-те турски граѓани од страна на терористите на ПКК во областа Гара, во северниот дел на Ирак.

Амреев на убиените (шехидите) им посака милост од Аллах и го изрази своето сочувство до нивните блиски и до турскиот народ.

Претседателот на Исламската заедница во Црна Гора Рифат Фејзиќ, во испратената порака со сочувство до амбасадорката на Турција во Подгорица Сонѓул Озан и до претседателот за верски прашања Али Ербаш, го истакна следното: „Со жалење дознав за шехидите, убиството на 13 граѓани од страна на терористичката организација ПКК во Гара. Во мое лично име и во име на муслиманите во Црна Гора им посакувам милост на шехидите (убиените) во овој проклет терористички напад, на семејствата им посакувам трпение.“

Унијата на палестинските научни дејци соопшти дека го осудува убиството на 13-те турски граѓани од страна на терористичката организација ПКК во областа Гара.

Портпаролот на Хамас Сами Ебу Зухрќ во пораката со сочувство што ја објави на својот профил на социјалната мрежа Твитер го осуди убиството на 13-те турски граѓани во Гара.

Изразувајќи го своето сочувство до семејствата на убиените (шехидите) и турскиот народ, Ебу Зухри во својата порака го истакна следното: „Му се молиме на Аллах за да ги одбрани Турција и турскиот народ од секое зло.“ 

Воедно и дипломатските мисии на Белгија, Франција, Грција, Украина, Канада и Норвешка во Анкара, објавија пораки со сочувство за 13-те турски граѓани кои беа убиени од страна на сепаратистичко-терористичката организцаија ПКК.

 



Слични вести