Порака со сочувство и жалење од Турција за ракетните напади врз аеродромот во градот Ербил во Ирак

Во објавената порака од страна на Министерството за надворешни работи се истакнува следното: „Жестоко ги осудуваме ракетните напади коишто се реализирани во Ербил и чија цел се гледа дека беа и цивилните населени места“

1584503
Порака со сочувство и жалење од Турција за ракетните напади врз аеродромот во градот Ербил во Ирак

Турција испрати порака со сочувство и жалење поради синоќешните реализирани ракетни напади врз градот Ербил во Ирак.

Во објавената порака од страна на Министерството за надворешни работи се истакнува следното: „Жестоко ги осудуваме ракетните напади коишто се реализирани во Ербил и чија цел се гледа дека беа и цивилните населени места. Го изразуваме нашето сочувство и жалење до народот во Ербил, ирачката Влада и припадниците на Меѓународната коалиција во која заземаме место и ние против треористичката организација ДЕАШ.“ 

Во порака се нагласува дека Турција верува оти ирачките власти на брз начин ќе ги утврдат оние кои стојат зад нападите и ќе обезбедат да бидат изнесени пред лицето на правдата и да положат сметка за тоа.

„Овие напади уште еднаш ја изнесоа потребата да не се дозволи присуството на ниту една терористичка организација на териториите на Ирак и да бидат зајакнати на сеопфатен начин ирачките национални институции за воспоставување на мирот, стабилноста и суверенитетот на оваа земја.“ - стои во соопштението на Министерството за надворешни работи на Турција. 

Инаку, во реализираните синоќешни напади врз аеродромот во градот Ербил во Ирак, кадешто се наоѓа и воената база на Соединетите Американски Држави (САД), според првични добиени информации загина едно лице, а 6 лица се ранети.



Слични вести