МНО: Сатерфилд потврди дека за убиството на 13-те турски граѓани е одговорна терористичката ПКК

Министерството за национална одбрана соопшти дека амбасадорот на САД во Анкара Дејвид Сатерфилд потврди дека за убиството на 13-те турски граѓани во Гара, на северот во Ирак, ја сметаат за одговорна сепаратистичко-терористичката организација ПКК

1584209
МНО: Сатерфилд потврди дека за убиството на 13-те турски граѓани е одговорна терористичката ПКК

Амбасадорот на Соединетите Американски Држави (САД) во Анкара Дејвид Сатерфилд потврди дека за убиството на 13-те турски граѓани во областа Гара, во северниот дел на Ирак, ја сметаат за одговорна сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Во објавеното соопштение од Министерството за национална одбрана се истакнува дека синоќа беше остварена средба со американскиот амбасадор Сатерфилд во Министерството и се вели следното: „На средбата, амбасадорот на САД Сатерфилд го изрази своето сочувство за нашите војници кои загинаа во операцијата на Гара и за нашите 13 граѓани кои за време на операцијата беа убиени од страна на терористичката организација ПКК. Потврди дека за масакрот во Гара ја сметаат за одговорна терористичката организација ПКК.“



Слични вести