Мевлут Чавушоглу разговараше телефонски со својот американски колега Антони Блинкен

Во разговорот, американскиот државен секретар Блинкен му го изрази своето сочувство на Чавушоглу за убиените 13 турски граѓани во областа Гара, во северниот дел на Ирак и рече дека за тоа е одговорна сепаратистичко-терористичката организација ПКК

1584204
Мевлут Чавушоглу разговараше телефонски со својот американски колега Антони Блинкен

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу оствари телефонски разговор со американскиот државен секретар Антони Блинкен.

Во разговорот, американскиот државен секретар Блинкен му го изрази своето сочувство на Чавушоглу за убиените 13 турски граѓани во областа Гара, во северниот дел на Ирак и рече дека за тоа е одговорна сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Според добиени информации од дипломатски извори, во телефонскиот разговор беа разгледани билатералните односи при што Чавушоглу му честита на Блинкен за новата должност.

Во разговорот, двајцата министри за надворешни работи, Чавушоглу и Блинкен,  разгледаа и некои регионални прашања, како и прашања посветени на ФЕТО, ПКК/ПЈД, борбата против тероризмот, ракетно-одбранбениот систем С-400 којшто Турција го купи од Русија, Сирија и Источниот Медитеран.

Во разговорот беше нагласено дека е постигната согласност по прашањето на развивање на отворен и искрен дијалог со новата администрација на Соединетите Американски Држави (САД) којшто ќе се потпира на меѓусебно почитување, а воедно е изнесена и вознемиреноста од изјавите коишто ги дава во последно време американската страна.

Како што е соопштено, двајцата министри за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу и Антони Блинкен, постигнаа согласност по прашањето на подетално разгледување на сите прашања на дневниот ред, во наредните денови.

Во објавеното соопштение во врска со остварениот телефонски разговор од американскиот Државен секретаријат (Стејт департментот) пак, се истакнува дека Блинкен и Чавушоглу постигнаа согласност по прашањето на поддршката и соработката за политичко решение на војната во Сирија.

 



Слични вести