Ердоган: Во местата коишто ги доведуваме во состојба на безбедни зони ќе останеме онолку колку што ќе затреба

Претседателот Ердоган истакна дека операциите со кои извесно време како се постигнува значаен напредок во наредниот период ќе бидат проширени кон областите од кадешто сѐ уште се интензивни заканите

1584742
Ердоган: Во местата коишто ги доведуваме во состојба на безбедни зони ќе останеме онолку колку што ќе затреба

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган денеска говореше на 7. редовен Конгрес на својата владејачка Партијата за правда и развој АКП (АК Партијата) во Трабзон.

Ердоган во врска со случајот со убиството на 13-те турски граѓани од страна на сепаратистичко-терористичката организација ПКК во областа Гара, во северниот дел на Ирак рече: „Во случајот со убиството на нашите 13 невини граѓани не можевме да видиме никого покрај нас, со исклучок на само неколку слаби гласови. Еј Запад каде сте?“

Тој истакна дека операциите со кои извесно време како се постигнува значаен напредок во наредниот период ќе бидат проширени кон областите од кадешто сѐ уште се интензивни заканите.

Велејќи „Овој последен случај докажа колку се значајни операциите коишто ги реализира Турција во борбата против ПКК во северните делови на Ирак и на Сирија, од аспект на безбедноста на нашите граници и нашата иднина“, претседателот Ердоган рече: „Како што рековме, во која дупка и да влезат ќе ги пронајдеме нив во дупките во кои влегуваат и таму ќе ги уништиме.“

Претседателот Ердоган својот говор го продолжи со следните зборови: „Недоследностите на оние кои за нивната сопствена безбедност и просперитетот не се воздржуваат да го запалат целиот свет, се познаваат многу повеќе во овие видови состојби. Во случајот со убиството на 13 невини, во врска со кој доколку се случеше во некоја друга земја светот ќе беше кренат на нозе, со исклучок на само неколку слаби гласови, не можевме да видиме никого покрај Турција, Еј Запад каде сте? Зошто замолчевте? Кога вакво нешто ќе се случи кај вас кревате врева. Се случи 15 јули, немаше глас од вас, сега овој случај повторно не ви се слуша гласот. Без оглед на тоа дали вашиот глас се слуша или не, ние си ја знаеме нашата задача. Ние нема да им дадеме можност на терористите во оваа земја.“  

Претседателот Ердоган истакна дека областа Гара, во северниот дел на Ирак е проблематична област и рече: „Со Аллахова домош-дозвола Гара падна, работата е завршена. Нашите операции со кои извесно време се постигнува значаен напредок, во наредниот период ќе ги прошириме кон областите од кадешто сѐ уште се интензивни заканите. За да не би биле подложени уште еднаш на слични напади ќе останеме онолку колку што ќе биде потребно во местата коишто ги доведуваме во состојба на безбедни зони.“

 



Слични вести