Ниту терористичката организација ниту било кој друг пион не може да застане пред турсјката армија

Нема веќе залажување, ако сакаме да го продолжиме сојузништвото во НАТО, треба да бидете искрени и да застанување на страната на терористите

1584024
Ниту терористичката организација ниту било кој друг пион не може да застане пред турсјката армија

 

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган остро реагираше на индиферентноста на Соединетите Американски Држави (САД), кои молчеа пред убиството на 13 турски граѓани во регионот Гара во северен Ирак, од страна на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

„Нема веќе залажување, ако сакаме да го продолжиме сојузништвото во НАТО, треба да бидете искрени и да застанување на страната на терористите“ рече Ердоган.

Претседателот на државата и претседател на Партијата за правда и развој (АК партија) Ердоган присуствуваше на 7-от редовен околиски конгрес на партијата што се одржа во затворената спортска сала во Јенишехир во Ризе.

Претседателот Ердоган остро реагираше против САД, кои беа индиферентни наспроти убиството на 13 турски граѓани од стана на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

„Нема веќе залажување, ако сакаме да го продолжиме сојузништвото во НАТО, треба да бидете искрени и да не застанувате на страната на терористите. Зарем вие не велевте дека не сте со ПКК, ЈПГ, ПЈД. Вие сте со и зад ПКК. Крвта на овие невини луѓе се измеша со рацете на сите оние коишто ја поддржуваа терористичка организација. Социјалните мрежи кои се претворија во пропагандни уреди на терористички организации, сите вие ​​сте одговорни за подмолното погубување на 13 невини невооружени лица“ рече претседателот Ердоган.

Во врска со операцијата „Канџа орел-2“ во Гара, претседателот Ердоган рече:

„Рековме дека во првата етапа ќе влеземе во сите нивни дупки и пештери и во тие рамки беа убиени 42 терористи. Нема ниту терористичка организација ниту пион којшто може да застане пред турската армија, која секоја година сé повеќе развива. Терористите кои не можат да се спротивстават на нашите војници, за жал не признаваат граници на подмолност. Тие не само што се подмолни, тие се дупка“.

Изјавувајќи дека се горди на турската армија, Ердоган рече:

„Горди сме што нашата армија го достигна нивото да може да одговори на потребите на нашата земја, што може да ја изврши секоја операција потребна за опстанок на нашата нација со свои средства, без оглед на временските и просторните ограничувања“.

Осврнувајќи се на цивилните масакри на сепаратистичко-терористичка организација ПКК, претседателот Реџеп Тајип Ердоган во својот говор рече:

„Ако напишеме книга за цивилните масакри на терористичката организација ПКК, истата ќе ги остави зад себе томовите на славните енциклопедии на западњаците“.



Слични вести