Чавушоглу: Земјите кои наводно се борат против тероризмот молчат за масакрот на терористичката ПКК

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу истакна дека земјите кои наводно се борат против тероризмот молчат за масакрот на терористичката организација ПКК која во Гара, на северот на Ирак, безмилосно уби 13 невооружени турски граѓани

1584054
Чавушоглу: Земјите кои наводно се борат против тероризмот молчат за масакрот на терористичката ПКК

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу со учество и на неговиот етиопски колега Демеке Меконен учествуваше на церемонијата на свечено отворање на новата зграда на Амбасадата на Етиопија во Анкара.

Во говорот што го одржа во овде, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу истакна дека Турција ќе продолжи да им ја дава секој вид поддшка на аите африкански земји и рече: „Ќе продолжиме да им даваме силна и конкретна поддршка и особено на борбата на Етиопија и африканските земји против тероризмот.“

Чавушоглу подвлече дека Турција, како земја и народ, која долги години како води борба против тероризмот, ја разбира многу добро борбата на африканските земји против тероризмот.  

Тој рече: „Никогаш не бевме во двоен стандард во кој се наоѓаат голем број западни земји, не вршевме лицемерност (не бевме дволични). Како Турција ќе продолжиме да водиме борба против различни терористички организации со коишто се соочуваме како што се ПКК, ЈПГ, ДЕАШ и други терористички организации.“

Подвлекувајќи дека Турција со одлучност ќе ја продолжи борбата против терористичките гнезда ѝ внатре во границите на земјата ѝ надвор преку границата, министерот Чавушоглу истакна дека земјите кои наводно се борат против тероризмот молчат за масакрот на сепаратистичко-терористичката организација ПКК која безмилосно уби 13 невооружени турски граѓани.

„Оваа борба ќе продолжи се додека биде исчистена ЈПГ/ПКК и од таму. Терористичката организација ПКК како и секогаш ја покажа својата подлост и ги измасакрира нашите невини 13 граѓани кои претходно ги киднапира. Секако крвта на нашите шехиди (убиени граѓани) не остана на земјата (неосветена), нема да остане и ќе ги исчистиме и овие терористи. Меѓутоа, овие два дена гледаме дека земјите кои  велат оти наводно се борат против тероризмот молчат за овој масакр на ПКК или пак со 'ако' и 'но' се обидуваат да го поминат тоа.“ - констатира министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.

 



Слични вести