Бројот на вакцинираните граѓани во Турција против Ковид-19 надмина 4 милиони лица

Според споделените податоци од страна на Министерството за здравство, бројот на вакцинираните граѓани против Ковид-19 во Турција заклучно со денеска изнесува над 4 милиони 197 илјади лица

1583940
Бројот на вакцинираните граѓани во Турција против Ковид-19 надмина 4 милиони лица

Бројот на вакцинираните граѓани во Турција против новиот тип коронавирус (Ковид-19) надмина 4 милиони лица.

Според „Националната стратегија за применување на вакцината против Ковид-19“ утврдена од страна на Министерството за здравство во правец на препораките на Научниот совет за коронавирусот, на 13 јануари најпрвин беа вакцинирани министерот за здравство Фахреттин Коџа и членовите на Научниот совет.

Потоа на 14 јануари процесот за вакцинација започна со вакцинирање на здравствените работници на територијата на целата земја. 

Според споделените податоци од страна на Министерството за здравство, бројот на вакцинираните граѓани во Турција заклучно со денеска изнесува над 4 милиони 197 илјади лица. 

Бројот на граѓаните кои ја примија првата доза вакцина изнесува над 3 милиони 600 илјади, а на оние кои ја примија втората доза вакцина над 570 илјади лица.

Министерот за здравство Фахреттин Коџа во споделената објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер во врска со процесот на вакцинација во Турција го истакна следното: „Денеска вакцинираме повеќе од 500 илјади лица. Со зголемување на бројот на вакцинираните ќе се намалат прашалните знаци во нашиот живот.“



Слични вести