Во Гара на северот на Ирак со наоружани беспилотни летала (СИХА) се неутрализирани тројца терористи качени на „парамотор“
Министерството за национална одбрана соопшти дека од страна на турските наоружани беспилотни летала (СИХА) во областа Гара во северниот дел на Ирак се неутрализирани тројца терористи на ПКК кои се обидувале да избегаат со моторен парапланер „парамотор“
1583288

Од страна на турските наоружани беспилотни летала (СИХА) во областа Гара во северниот дел на Ирак се неутрализирани тројца терористи, членови на сепаратистичко-терористичката организација ПКК кои се обидувале да избегаат со моторен парапланер „парамотор“.
Во објавеното соопштение од страна на Министерството за национална одбрана (МНО) се истакнува следното: „Од страна на нашите наоружани беспилотни летала (СИХА) се неутрализирани тројца терористи на ПКК кои се утврдени во областа Гара во северниот дел на Ирак и кои се обиделе да избегаат со помош на моторен парапланер 'парамотор'. Бројот на неутралиизраните терористи во областа се зголеми на вкупно 53.“