Министерот Акар: Со операцијата „Канџа Орел-2“ областа Гара на северот на Ирак во голема мера е исчистена од терористите

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар истакна дека е завршена операцијата „Канџа Орел-2“ која ја окарактеризира како „крајно специјална и критична операција“ во која во голема мера областа Гара во северниот дел на Ирак е исчистена терористите

1583114
Министерот Акар: Со операцијата „Канџа Орел-2“ областа Гара на северот на Ирак во голема мера е исчистена од терористите

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар Министерот Акар во придружба на командниот врв на Турските вооружени сили (ТВС), началникот на Генералштабот генерал на армија Јашар Ѓулер, командантот на Копнените сили генерал на армија Умит Дундар, командантот на Поморските сили адмирал Аднан Озбал и командантот на Воздушните сили генерал на армија Хасан Ќучукакјуз; вчера замина за градот Ширнак кадешто го посети Оперативниот центар на турско-ирачката граница од кадешто се управуваше со прекуграничната операција „Канџа Орел-2“ против терористичките цели во областа Гара во северниот дел на Ирак.

Министерот Акар заедно со командниот врв во текот на вчерашниот ден ја следеше од Оперативниот центар прекуграничната операција за која беше информиран во врска со активностите коишто се реализираат и ги издаде потребните инструкции.

Хулуси Акар  истакна дека е завршена операцијата „Канџа Орел-2“ која ја окарактеризира како „крајно специјална и критична операција“ во текот на која се неутрализирани 50 терористи, двајца терористи се фатени живи и во голема мера областа Гара во северниот дел на Ирак е исчистена од сепаратистичко-терористичката организација ПКК/КЏК.   

Во дадените информации во врска со последната состојба во операцијата „Канџа Орел-2“, министерот Акар рече: „Со цел неутрализирање на терористите на ПКК/КЏК и другите терористички елементи, воспоставување на нашата погранична безбедност и за потврдување на добиените разузнавачки информации во врска со нашите киднапирани граѓани од страна на терористите за кои поради безбедносни причини претходно не беа доставени информации и за реализација на неопходната интревенција за нивно ослободување; во правец на нашите легитимни права на самоодбрана коишто произлегуваат од меѓународното право, на 10 февруари 2021 година беше започната прекуграничната операција 'Канџа Орел-2' во областа Гара во северниот дел на Ирак. Најпрвин со реализирање на воздушна операција беа успешно уништени и оштетени повеќе од 50 утврдени терористички цели, составени од засолништа, скривници и складишта за муниција и места т.н. штабови на терористите.“

Министерот Хулуси Акар информира дека од страна на сепаратистичко-терористичката организација ПКК во една пештера безмилосно се убиени 13 цивилни турски граѓани кои претходно беа киднапирани од страна на терористите.

„Во реализираните пребарувања во една пронајдена пештера којашто по жестоки вооружени судири беше ставена под контрола, се пронајдени мртвите тела на 13 наши граѓани. Во првите реализирани испитувања е установено дека нашите невини и невооружени граѓани се убиени со стрелање од кои еден во рамото, а останатите 12 наши граѓани со стрелање во нивните глави.“ - рече министерот Хулуси Акар.

Тој продолжи со следните зборови: „Реализирана е една крајно специјална и критична операција. Е реализирана навистина една значајна и специјална операција. Со операцијата во голема мера се неутрализирани и сите елементи кои се сместени во областа, кои се обидуваат наново да се преструктуираат и на извесен начин се подготвуваат за напад врз нашите граници, нашите безбедносни сили и нашиот народ. Заедно со тоа што постојат информации за тоа дека моментално се неутрализирани 50 терористи, постојат и различни други добиени информации, сознанија и активности коишто се реализираат од страна на нашите разузнавачки институции.“  

Појаснувајќи дека операцијата „Канџа Орел-2“ во областа Гара во северниот дел на Ирак е завршена, министерот за национална одбрана Хулуси Акар рече: „Нашите копнени и воздушни елементи се вратија безбедно во своите бази и касарни.“

 



Слични вести