Успешно заврши воената вежба на турските и азербејџанските вооружени сили

Способноста на нашите војници импресионираше“

1582959
Успешно заврши воената вежба на турските и азербејџанските вооружени сили

Министерството за национална одбрана  соопшти дека успешно заврши воената вежба на комбинираните заеднички баталјонски сили на Турција-Азербејџан Зима-2021 која на 1 февруари 2021 година започна во Карс.

Во соопштението кое беше објавено од страна на Министерството на профилот на Твитер беше истакнато следното:

„Денот на угледните набљудувачи на вежбата се одржа на 11 февруари четврток. На овој ден уечствуваа министерот за национална одбрана Хулуси Акар, азербејџанскиот министер за одбрана, генерал на армија Закир Хасанов, началникот на Генералштабот генерал на армија Јашар Ѓулер, командантот за копнени сили генерал на армија Умит Дундар, командантот на воздухопловните сили генерал на армија Хасан Кучукакјуз и командантот на поморските сили, адмиралот Аднан Озбал. Во вежбата што ја спроведевме заедно со вооружените сили на Азербејџан за прв пат оваа година, нашите копнени и воздушни сили заедно ги уништија утврдените цели со полн погодок. Способноста на нашите војници импресионираше“.



Слични вести