МНР: Спасените турски морнари се наоѓаат на безбедно место и во најскоро време ќе бидат донесени во земјата

Министерството за надворешни работи соопшти дека спасените 15 турски морнари се наоѓаат на безбедно место, дека здравствената состојба им е добра и дека ќе се обезбеди во најскоро време да дојдат во Турција

1582711
МНР: Спасените турски морнари се наоѓаат на безбедно место и во најскоро време ќе бидат донесени во земјата

Министерството за надворешни работи на Турција соопшти дека 15-те турски морнари на бродот по име „Mozart“ кои на 23 јануари беа киднапирани од страна на морските пирати крај брегот на Нигерија се спасени и се наоѓаат на безбедно место, дека им се извршена лекарска контрола и дека ќе се обезбеди во најскоро време да дојдат во Турција.

Во објавеното писмено соопштение од Министерството се потсетува дека веднаш по случајот со киднапирање претседателот Реџеп Тајјип Ердоган лично го следеше процесот и за спасување на 15-те турски граѓани  издаде инструкција за формирање на работна група со учество на сите надлежни институции по што почна да се работи координирано со турските амбасади во земјите во регионот.

Во соопштението се истакнува дека една делегација на 6 февруари замина за Габон кадешто ги започна своите контакти и дека координирано со активностите на фирмата сопственик на бродот на терен беше испратена и екипа на Националната разузнавачка служба (МИТ).

Во соопштението се вели дека како резултат на ефикасното координирано работење и соработката на сите институции и интензивните напори на фирмата сопственик на бродот за ослободување на турските граѓани вчера тие беа ослободени здрави и живи.

„Нашите 15 граѓани се наоѓаат на безбедно место и им е извршена лекарска контрола. Нашиот почитуван министер разговараше со семејствата на сите наши граѓани. Во најскоро време ќе се обезбеди нашите граѓани од Нигерија да бидат донесени во нашата земја.“ - стои во соопштението на Министерството за надворешни работи. 

Инаку, во извршениот напад од страна на морските пирати на 23 јануари врз бродот „Mozart“ во Гвинејскиот залив крај брегот на Нигерија беа киднапирани 15 морнари турски граѓани, еден азербејџански државјанин го загуби живото, а тројца турски морнари успеаја да се спасат од нападот.

 



Слични вести