Министерот Хулуси Акар со командниот врв во обиколка на воените единици на турско-ирачката граница

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар во придружба на командниот врв на Турските вооружени сили (ТВС или TSK) престојува во обиколка и посета на воените единици на турско-ирачката граница

1582840
Министерот Хулуси Акар со командниот врв во обиколка на воените единици на турско-ирачката граница

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар заедно со командниот врв на Турските вооружени сили (ТВС или TSK) престојува во обиколка на пограничните воени единици на турско-ирачката граница.

Министерот Акар во придружба на началникот на Генералштабот генерал на армија Јашар Ѓулер, командантот на Копнените сили генерал на армија Умит Дундар, командантот на Поморските сили адмирал Аднан Озбал и командантот на Воздушните сили генерал на армија Хасан Ќучукакјуз замина за градот Ширнак. 

Министерот Хулуси Акар и командниот врв на армијата на аеродромот „Шерафеттин Елчи“ во Ширнак беа пречекани од страна на валијата Али Хамза Пехливан и други функционери, а потоа оттука заминаа на турско-ирачката граница.

Овде министерот за национална одбрана Хулуси Акар и командниот врв на Турските вооружени сили (ТВС или TSK) беа во посета и обиколка на пограничните единици на турско-ирачката граница, а потоа оттука преминаа во Оперативниот центар од кадешто се раководи и управува со операцијата „Канџа Орел-2“ којашто продолжува да се реализира против терористите во областа Гара во северниот дел на Ирак.

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар и командниот врв во негова придружба ја продолжуваат посетата и обиколката на пограничните воени единици на турско-ирачката граница.

 



Слични вести