Во Турција со првата доза вакцина против Ковид-19 досега се вакцинирани повеќе од 3 милиони лица

Во рамките на „Националната стратегија за применување на вакцината против Ковид-19“ продолжуваат работите за вакцинација коишто беа започнати на 14 јануари здравствените работници, а досега се вакцинирани вкупно 3 милиони 040 илјади 828 лица

1582393
Во Турција со првата доза вакцина против Ковид-19 досега се вакцинирани повеќе од 3 милиони лица

Бројот на вакцинираните граѓани со првата доза вакцина против новиот тип коронавирус (Ковид-19) во Турција надмина 3 милиони лица.

Во рамките на „Националната стратегија за применување на вакцината против Ковид-19“ продолжуваат работите за вакцинација коишто беа започнати на 14 јануари најпрвин со вакцинација на здравствените работници.

На тој начин, првата доза вакцина „КоронаВак“ во Турција досега ја примија вкупно 3 милиони 040 илјади 828 лица.

Здравствените работници кои во рамките на процесот на вакцинација којшто започна во земјата на 14 јануари по 28 дена почнаа да ја примат втората доза вакцина.

Бројот на лицата кои ја примија втората доза вакцина досега изнесува вкупно 317 илјади 361.

Освен тоа, заклучно со вчера се регистрирани во системот и граѓаните над 70 годишна возраст.

Во тие рамки, граѓаните над 70 години на кои им е признато право за вакцинација и кои ги закажаа своите термини почнаа да ги примаат своите вакцини во утврдените здравствени институции.

И оваа возрасна група граѓани по 28 дена ќе ја примат втората доза вакцина.

Во склопот на работите коишто се водат заклучно со денеска се регистрирани во системот граѓаните над 65 години и нивните сопруги или сопрузи над 60 години.

 



Слични вести