Во подрачјето на Ширнак и Сиирт е започната нова антитерористичка операција „Ерен-10 Габар“
Министерството за внатрешни работи соопшти дека во подрачјето на градовите Ширнак и Сиирт е започната нова операција „Ерен-10 Габар“ против сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Од страна на Министерството за внатрешни работи во подрачјето на градовите Ширнак и Сиирт во југоисточниот дел на земјата е започната нова операција „Ерен-10 Габар“ против сепаратистичко-терористичката организација ПКК.
Според објавеното соопштение од Министерството, со операцијата се има за цел целосно исклучување на сепаратистичко-терористичката организација ПКК од дневниот ред на земјата и неутрализирање на терористите за кои се проценува дека се засолнуваат во во подрачјето на градовите Ширнак и Сиирт.
Во новозапочнатата операција „Ерен-10 Габар“ учествуваат 1.073 припадници на безбедносните сили.
Во рамките на операциите „Ерен“ коишто се реализираат за целосно елиминирање на тероризмот внатре во земјата и кои беа започнати на 11 јануари 2021 година досега се неутрализирани тројца терористи, фатени се 58 соработници, уништени се 213 пештери, засолништа и складишта, а се запленети и големи количини оружје и муниција, како и храна и материјали за обезбедување на животните потреби на терористите.
Во соопштението на Министерството за внатрешни работи се нагласува дека антитерористичките операции продолжат успешно со поддршка на народот и со верба и одлучност.
Слични вести
