Во операцијата „Канџа Орел-2“ во областа Гара на северот на Ирак се неутрализирани 33 терористи

Министерството за национална одбрана соопшти дека во рамките на операцијата „Канџа Орел-2“ којашто продолжува во областа Гара во северниот дел на Ирак досега се неутрализирани 33 терористи меѓу кои се наоѓаат и двајца од водечкиот кадар

1582287
Во операцијата „Канџа Орел-2“ во областа Гара на северот на Ирак се неутрализирани 33 терористи

Во рамките на операцијата „Канџа Орел-2“ којашто продолжува во областа Гара во северниот дел на Ирак  досега се неутрализирани 33 терористи меѓу кои се наоѓаат и двајца од водечкиот кадар т.н. раководство на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Во објавеното соопштение од Министерството за национална одбрана се истакнува дека операцијата „Канџа Орел-2“ којашто е започната на 10 февруари против терористите во областа Гара во северниот дел на Ирак, продолжува според планираното.

Во соопштението се вели дека во рамките на операцијата досега се неутрализирани 33 терористи од кои двајца и од водечкиот кадар т.н. раководство на сепаратистичко-терористичката организација ПКК, а воедно се информира дека со воздушна операција се уништени повеќе од 50 терористички цели, составени од засолништа, скривници и складишта за муниција, т.н. штабови и пештери. 

Во соопштението на Министерството се истакнува дека во воздушната операција во која во голема мера се користи домашна и национална муниција се погодени со стопроцентна прецизност терористичките цели и е нанесен тежок удар врз присуството на терористичката организација во областа Гара во северниот дел на Ирак.

Во меѓувреме, Министерството за национална одбрана соопшти дека бројот на неутрализираните терористи во операцијата „Канџа Орел-2“ во областа Гара во северниот дел на Ирак се зголеми на 37 меѓу кои и двајца од водечкиот кадар т.н. раководство на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

 



Слични вести