Спуштено во вода првото наоружано беспилотно поморско возило на Турција „УЛАК“

Првото наоружано беспилотно поморско возило на Турција „УЛАК“ (ULAQ) чие прототип производство е завршено, е спуштено во морето и започна со пловидби за искуство

1582387
Спуштено во вода првото наоружано беспилотно поморско возило на Турција „УЛАК“

Денеска е спуштено во вода првото наоружано беспилотно поморско возило на Турција „УЛАК“ (ULAQ), кое е развиено во соработка на фирмите на турската одбранбена индустрија 

Бродоградилиштето „АРЕС“ (ARES) и Метексан одбрана, на крајот на работите за истражување и развивање коишто ги водеа неколку години го ставија во примена првото беспилотно поморско возило на Турција.

Наоружаното поморско возило (СИДА или SİDA) како прва платформа на серијата „УЛАК“ (ULAQ) чие прототип производство е завршено, е спуштено во морето и започна со пловидби за искуство.

Наоружаното поморско возило (СИДА или SİDA) располага со домен на пловидба од 400 километри, брзина од 65 километри на час, способност за дневно/ноќно гледање, национална шифрирана комуникациска инфраструктура и е произведено од напреден композитен материјал.

Ќе се користи за реализација на задачи како што се извидување, надгледување и разузнавање, надводно војување, асиметрично војување, наоружана придружба и обезбедување, безбедност на стратешки објект, а коишто можат да се искористат со мобилни уреди од копно и од штабниот команден центар или од пловечки платформи.

Во меѓувреме, првото наоружано беспилотно возило на Турција „УЛАК“ (ULAQ) е опремено со основа на четворна ласерски водена ракета „Џирит“ и лансер na двоен ласерски воден антитенковски ракетен систем од долг дострел (Л-ОМТАС или L-UMTAS), инаку производи на производителот на национални ракетни системи РОКЕТСАН (ROKETSAN).

 



Слични вести