МНР на Турција: Ја повикуваме двојката Грција-Кипарско грчката управа на здрав разум

Портпаролот на МНР Хами Аксој истакна дека тоа што двојката Грција-Кипарско грчката управа се обидува да ја спречи позитивната агенда којашто Европската унија (ЕУ) се обидува да ја воспостави со Турција им се заканува на мирот и стабилноста во регионот

1582065
МНР на Турција: Ја повикуваме двојката Грција-Кипарско грчката управа на здрав разум

Турција ја повика двојката Грција-Кипарско грчката управа на здрав разум, за која рече дека им се заканува на мирот и стабилноста во регионот.

Портпаролот на Министерството за надворешни работи Хами Аксој истакна дека тоа што двојката Грција-Кипарско грчката управа се обидува да ја спречи позитивната агенда што Европската унија (ЕУ) се обидува да ја воспостави со Турција како земја кандидат и тоа што води политика надевајќи се на помош од други, им се заканува на мирот и стабилноста во регионот.

Портпаролот Аксој одговори писмено на поставеното прашање во врска со „Пријателскиот форум“ (Philia Forum) што се одржа во Атина со учество на министрите за надворешни работи на Грција, Египет, Франција, Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), Бахреин и Кипарско-грчката управа.

Притоа Аксој подвлече дека ниту еден форум во кој ги нема Турција како клучна земја во регионот и Кипарските Турци не може да формира ефикасен, успешен механизам на соработка и пријателство, од аспект на предизвиците во регионот.

Тој рече: „Неоснованите обвинувања и клевети коишто се изнесени од страна на грчкиот министер за надворешни работи Никос Дендиас на одржаната прес-конференција по овој форум за којшто се наведува дека не цели против никоја земја, покажуваат дека всушност овој форум не е формиран над како што се вели ‘пријателство’ туку дека претставува обид за сојуз којшто се настојува да се гради над непријателство кон Турција.

Да се критикуваат политиките на Турција во регионот коишто се потпираат на хуманост и правичност не претставува право на оние кои во име на своите максималистички барања и пресметки од тесен интерес им ја отвораат својата прегратка на пучистите и предизвикуваат Либија да биде вовлечена во нестабилност, оние кои се обидуваат да формираат терористички коридор со распарчување на Сирија и Ирак и оние кои со години останаа неми пред окупацијата на териториите на Азербејџан.“

Хами Аксој појасни дека овој став којшто продолжува да се води против Турција е непријателски и ги поткопува и напорите на Европската унија (ЕУ) за единство за Медитеранот, а како што напомена во период кога на предлогот на Турција за одржување на меѓународна конференција се настојува да се воспостави искрена и сеопфатна соработка во Источниот Медитеран.

„Тоа што двојката Грција-Кипарско грчката управа се обидува да ја спречи позитивната агенда што Европската унија (ЕУ) се обидува да ја воспостави со Турција како земја кандидат и тоа што води политика надевајќи се на помош од други, им се заканува на мирот и стабилноста во регионот. Ја повикуваме оваа двојка на здрав разум, а и другите земји учеснички на форумот ги повикуваме да не станат жртва на игрите на други.“ - порача портпаролот на Министерството за надворешни работи Хами Аксој.

 



Слични вести