Ердоган: Со реализираните инвестирања турскиот високообразовен систем достигна до напредно ниво

Претседателот Ердоган истакна дека благодарение на реализираните инвестирања во инфраструктурата и човечките ресурси турскиот високообразовен систем достигна до напредно ниво

1582452
Ердоган: Со реализираните инвестирања турскиот високообразовен систем достигна до напредно ниво

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган говореше на програмата на свечено отворање на новоизградената дополнителна зграда на Инженерскиот и архитектонски факултет и на Факултетот за образование на Универзитетот „Реџеп Тајјип Ердоган“ во градот Ризе.

Претседателот Ердоган истакна дека благодарение на реализираните инвестирања во инфраструктурата и човечките ресурси турскиот високообразовен систем достигна до напредно ниво.

Ердоган рече: „Благодарение на инвестирањата коишто ги реализиравме во инфраструктурата и човечките ресурси турскиот високообразовен систем достигна до напредно ниво. Бројот на професори од 70 илјади се искачи на 180 илјади. Според бројот на студентите се искачивме на прво место во Европа во пристапот до универзитет.“

Велејќи „Иншаллах (со Аллахова помош-дозвола) Турција ќе достигне и до своите цели за 2023 година, а ќе влезе и меѓу најголемите 10 економии на светот “, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган продолжи со следните зборови: „Верувањето, стапувањето во акција е половината од успехот. Ние за 18 години и придадовме на нашата земја неколкукратно повеќе од она што е направено во историјата на Републиката. Во наредниот период, од семејството до образованието, од културата до уметноста, сите овие сфери ќе ги поставиме на чело на нашите приоритети.“

 



Слични вести