Ердоган: И покрај сите обиди за провокација, единството и заедништвото на нашиот народ се најсилни

Претседателот Ердоган истакна дека и покрај сите обиди за провокација се наоѓаме во период кога единството и заедништвото на турскиот народ се најсилни

1582565
Ердоган: И покрај сите обиди за провокација, единството и заедништвото на нашиот народ се најсилни

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган говореше преку линк во живо на шестите редовни конгреси на градските младински ограноци во 11 града на својата владејачка Партија за правда и развој АКП (АК Партијата).

Овде, претседателот Ердоган истакна дека и покрај сите обиди за провокација се наоѓаме во период кога единството и заедништвото на турскиот народ се најсилни.

Нагласувајќи дека чувствуваат гордост од успесите коишто ги постигнуваат младите во секоја сфера, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган го рече следното: „Веќе постои независна Турција која ги применува своите сопствени тактики. Со растот, зајакнувањето на Турција можеме да им нудиме и можности на нашите млади за кариера. Домашниот автонмобил ќе го направите вие. Вие ќе ја претставувате нашата земја во вселената. Вие ќе го формирате дигиталниот свет. Нашите универзитети ќе ги извадите од состојба да стануваат поле на дејствување на маргиналните групи, ќе ги доведете во состојба на научни гнезда. Вие ќе обезбедите најмалку 10 наши универзитети да влезат меѓу првите 500 во светот.“

Претседателот Ердоган рече: „И покрај сите обиди за провокација, се наоѓаме во период кога единството и заедништвото на нашиот народ се најсилни.“



Слични вести