Ибрахим Калин изјави за ТРТ Хабер: САД треба да стават крај на поддршката на терористичката ПЈД/ЈПГ

Портпаролот на претседателството Ибрахим Калин изјави за информативниот канал ТРТ Хабер во живо дека Соединетите Американски Држави (САД) треба да стават крај на поддршката што ја даваат на терористичката организација ПЈД/ЈПГ во Сирија

1582180
Ибрахим Калин изјави за ТРТ Хабер: САД треба да стават крај на поддршката на терористичката ПЈД/ЈПГ

Портпаролот на претседателството Ибрахим Калин одговараше на прашањата во програмата на информативниот канал ТРТ Хабер во живо, кадешто меѓу другото истакна дека администрацијата на Џо Бајден дојде со бројни нови ветувања и дека даде изјави во врска со тоа оти ќе фрли низа нови чекори по периодот на Доналд Трамп.

Калин рече дека Соединетите Американски Држави (САД) треба да стават крај на поддршката што ја даваат на терористичката организација ПЈД/ЈПГ во Сирија.

Тој информира дека минатата недела оствари телефонски разговор со Џејк Суливан, советникот за национална безбедност на Бајден, со кого ги разгледаа спорните прашања.

Подвлекувајќи дека поддршката којашто и се дава на ПЈД/ЈПГ и воедно тоа што сѐ уште се замижува пред активностите на Фетулахистичката терористичка организација (ФЕТО) во САД претставува национално безбедносно прашање од аспект на Турција, Калин појасни дека благодарение на одлучниот став на Турција е спречено со поддршка на САД и други земји во Сирија да се формира терористички коридор под контрола на ПЈД/ЈПГ. 

Ибрахим Калин рече: „САД треба да стават крај на поддршката што ја даваат на ПЈД/ЈПГ. Треба веќе да кажат 'стоп' за тамошните активности на ФЕТО.“

Тој напомена дека Турција и САД можат да ги решат прашањата согласно принципот на взаемно почитување.

Запрашан за неговите погледи и размислувања во врска со повикот на Државниот секретаријат на Соединетите Американски Држави (САД) за ослободување на притворениот Осман Кавала, портпаролот на претседателството Ибрахим Калин одговори со зборовите: „Овде постои судски процес којшто продолжува. Сите земји, вклучувајќи ги и САД мораат да го почитуваат овој судски процес. Онака како што не е правилно да изнесуваме одредена изјава во врска со еден судски процес којшто продолжува во Америка или во некоја друга земја во светот, од видот на давање изјава во својство да се прави тоа и тоа, да се влијае на судската одлука, и тие на ист начин треба да покажуваат почит кон овдешниот судски процес.“

 



Слични вести