Фахреттин Алтун: Ќе работиме со сета сила за решение на Кипар со две држави

Шефот на одделот за комуникации во претседателството Фахреттин Алтун истакна дека ќе се работи со сета сила за решение на Кипар со две држави

1582589
Фахреттин Алтун: Ќе работиме со сета сила за решение на Кипар со две држави

Шефот на одделот за комуникации во претседателството Фахреттин Алтун во споделената објава на својот профил преку социјалната медија истакна дека инструкцијата на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и посетата што ја оствари потпретседателот Фуат Октај со делегација во негова придружба на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) станаа повод за реализација на продуктивни консултации и донесување на значајни одлуки за партнерство.

Алтун информира дека ќе се работи со сета сила за решение на Кипар со две држави.

Нагласувајќи дека ќе ги бранат правото и правата на кипарските Турцина сите меѓународни платформи, шефот на одделот за комуникации во претседателството Фахреттин Алтун го напиша следното: „Заедно со тоа зајакнувајќи ја образовната, здравствената и транспортната инфраструктура на Северен Кипар ја вложуваме силата којашто е во наша можност за попросперитетен живот на кипарските Турци. Стоиме покрај нашите браќа на Кипар со сите наши можности. Ние сме единствени и заедно.  По тој повод посакувам да бидат аирлија договорите коишто ги потпишавме со Турската Република Северен Кипар (ТРСК). Ќе работиме со сета наша сила за решение на Кипар со две држави.“

 



Слични вести