Декларација од Собранието на Турција во врска со писмото на група сенатори до Бајден со критики против Турција

Во декларација се вели: „Неоснованите и неодговорни обвинувања на сенаторите со коишто се цели против внатрешната и надворешната политика на Турција во никој случај не се усогласуваат со стратешкото партнерство со САД и сојузништвото под покривот на НАТО“

1582269
Декларација од Собранието на Турција во врска со писмото на група сенатори до Бајден со критики против Турција

Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) објави декларација со одговор на писмото коешто неодамна од страна на група сенатори во Соединетите Американски Држави (САД) со критики во врска со Турција го испратија до американскиот претседател Џо Бајден.

Во објавената декларација  од страна на Парламентарната група за пријателство помеѓу Турција и САД се нагласува дека неоснованите и неодговорни обвинувања на сенаторите потписници на писмото со коишто се цели против внатрешната и надворешната политика на Турција во никој случај не се усогласуваат со стратешкото партнерство со САД и сојузништвото под покривот на НАТО. 

Во декларацијата се истакнува дека двете земји кои располагаат со пријателска и сојузничка врска на основа на заеднички политички вредности е значајно да делуваат во взаемно почитување и искрен дијалог земајќи ги притоа во предвид меѓусебните чувствителности за време на секој вид предизвик со којшто се соочуваат.

Во деклатрацијата на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) стои и следното: „Поаѓајќи од оваа мисла, се оценува како потреба на пријателските односи помеѓу двете земји да се потсети на прашањата коишто заземаат место во писмото за кое станува збор.“



Слични вести