Во операцијата на ТВС загинаа 2 турски војници
Чувствуваме длабока тага и жалење поради смртта на нашите јунаци

Министерството за национална одбрана соопшти дека во операцијата „Канџа Орел-2“ којашто вчера започна во подрачјето Гара на северот на Ирак загинале 2, а 4 војници биле повредени.
Во соопштението кое беше објавено од Министерството, беше истакнато дека повредените војници кои биле префрлени на хоспиталозација во болница, за жал загинале.
„Чувствуваме длабока тага и жалење поради смртта на нашите јунаци. На семејствата и блиските на загинатите, на Турските вооружени сили и големиот турски народ им посакуваме божја милост, искрено сочувство“.
Во соопштението беше истакнато дека 2 војници загинаа на лице место, додека 4 војници кои беа повредени во судирот веднаш беа префрлени на хоспитализација во болница, а исто така беше подвлечено дека целите откриени во регионот беа погодени со воздушен напад и беше удрен силен удар на присуството на терористичката организација во регионот.
Слични вести
