Во операцијата „Ерен-9 висорамнина Казан-Хан“ кај Хаќќари запленети големи количини оружје и муниција

Безбедносните сили во рамките на операцијата „Ерен-9 висорамнина Казан-Хан“ која се реализира во подрачјето на градот Хаќќари запленија големи количини оружје и муниција на сепаратистичко-терористичката организација ПКК

1581971
Во операцијата „Ерен-9 висорамнина Казан-Хан“ кај Хаќќари запленети големи количини оружје и муниција

Во рамките на операцијата „Ерен-9 висорамнина Казан-Хан“ која се реализира во подрачјето на градот Хаќќари со 129 оперативни тимови против сепаратистичко-терористичката организација ПКК, запленети се големи количини оружје и муниција.

Според објавеното соопштение од Губернијата на Хаќќари, продолжува операцијата „Ерен-9 висорамнина Казан-Хан“ којашто се реализира од страна на припадниците на безбедносните сили на градската команда на жандармеријата со поддршка и на полициските сили на градската дирекција на полицијата, со цел дешифрирање и спречување на активностите на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Во рамките на операцијата која се реализира со 129 оперативни тимови на површина од 38 квадратни километри, вчера во утврдени пештери и засолништа во руралното подрачје на долината Казан во населеното место Чукурџа се запленети 4 пешадиски пушки калашникови AK-47, 9 шаржери за ова оружје и 140 куршуми од 7,62 милиметри, 8 блокови за батерии, 145 парчиња муниција за против авионски топ од 23,5 милиметри, 332 парчиња муниција за тежок митралез ДШК од 14,5 милиметри, 197 парчиња против авионска муниција од 12,7 милиметри, 452 парчиња муниција за митралез бикси од 7,62 милиметри и експлозивен уред од рачна изработка.

Операцијата против терористите во подрачјето продолжува.



Слични вести