Турција остро реагираше против ставот на САД во врска со Кавала

Аксој, подвлече дека ова е непринципиелен и неконзистентен пристап и интервенција на една земја кон тековните напори за одржување на правните процеси во Турција

1581610
Турција остро реагираше против ставот на САД во врска со Кавала

Турција соопшти дека ниту една држава или никој не може да дава наредби за судските процеси во турските судови.

Портпаролот на Министерството за надворешни работи Хами Аксој остро реагираше на изјавата на  портпаролот на Стејт департментот на САД, Нед Прајс во врска со потребата за ослободување на Осман Кавала кој се наоѓа во затвор во Турција.

Аксој во својата писмена изјава потсети дека на повикот за ослободување беше одговорено на 28 јули 2020 година и подвлече дека втората изјава со иста содржина не е во согласност на принципот на владеењето на правото.

Аксој истакна дека продолжуваат судските процеси против Осман Кавала спроведени од независни судови и дека сите мора да ги почитуваат овие процеси,

„Следењето на извршувањето на одлуката на ЕСЧП (Европски суд за човекови права) за Кавала се спроведува на состанокот на Комитетот на делегати за човекови права на Советот на Европа. Нашата влада ги обезбедува потребните информации во оваа рамка“.

Аксој, подвлече дека ова е непринципиелен и неконзистентен пристап и интервенција на една земја кон тековните напори за одржување на правните процеси во Турција, која истите ги користи како изговор за да се оправда пред екстрадицијата на челникот на Фетулахистичката терористичката организација (Ѓуленисти) која се обиде да изврши воен удар на турската демократија.

Хами Аксој подвлече дека „Турција е правна држава. Ниту една држава или никој не може да дава наредби за судскиот процес во турските судови“.



Слични вести