Националната вселенска програма на Турција наиде на широк одек во европскиот печат

Францускиот весник „Ле Фигаро“ напиша дека Реџеп Тајјип Ердоган ја претстави Националната вселенска програма на Турција која го содржи зборот „Прв контакт со Месечината до 2023 година“

1581871
Националната вселенска програма на Турција наиде на широк одек во европскиот печат

Националната вселенска програма на Турција којашто беше соопштена од страна на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган наиде на широк одек во европскиот печат, а пред се во Франција и Германија.

Во веста на францускиот весник „Ле Фигаро“ под наслов „Ердоган сака Турција да ја направи вселенска сила“ се истакнува дека претседателот Реџеп Тајјип Ердоган ја претстави Националната вселенска програма на Турција која го содржи зборот „Прв контакт со Месечината до 2023 година“.

Во веста се вели дека претседателот Ердоган ги соопшти 10-те стратешки цели за развивање на вселенската индустрија на својата земја и за издигнување на Турција на врвот на глобалната вселенска трка. 

Се потсетува на изјавата на претседателот Ердоган „Нашата примарна и најзначајна цел во Националната вселенска програма е да се оствари првиот контакт со Месечината, на 100-годишнината од нашата Република“, а воедно се нагласува дека првиот контакт со Месечината во 2023 година претставува „значајна симболична цел“.

Во веста на „Ле Фигаро“ исто така им се одделува место и на размислувањата на Сурбес-Вергер, истражувач и експерт за вселенска политика на Националниот центар за истражување на Франција (CNRS) кој ја изнесува следната констатација: „Турција сака да заземе место меѓу големите нации. Тоа е патот за стекнување со видливост на регионално и меѓународно ниво. Она што е сигурно, Националната вселенска програма на Турција ќе стане причина Западот да испушти крик.“

Германскиот информативен веб сајт „Хеисе“ (Heise) го користи насловот „Турција сака да испрати вселенско летало и човек на Месечината“ и информира дека претседателот Реџеп Тајјип Ердоган соопшти една претенциозна вселенска програма.

Официјалната новинска агенција на Шведска „ТТ“ во веста што ја објави го употреби насловот „Турција има за цел во 2023 година да отиде на Месечината.“

Во веста им се одделува место на следните изјави на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган: „Со нашата национална и оригинална хибрид ракета којашто со меѓународна соработка ќе биде лансирана на крајот на 2023 година, ќе се оствари првото остро слетување на Месечината.“

Освен тоа, се привлекува внимание дека во рамките на планот за кој станува збор Турција има за цел за 10 години да ги постигне своите вселенски цели.  

Во веста на унгарската новинска агенција „MTI) пак, се користи насловот „Турција се подготвува во 2023 година да испрати вселенско летало на Месечината“.

Во веста се споделуваат изјавите на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган кој ја претстави Националната вселенска програма на Турција кадешто истакна дека во 2023 година на 100-годишнината од формирањето на Републиката во рамките на меѓународна соработка сака да испрати вселенско летало на Месечината. 

 



Слични вести