Министерот за национална одбрана Хулуси Акар: Ќе продолжи борбата против терористите во северниот дел на Ирак

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар истакна дека ќе продолжи борбата на Турските вооружени сили против терористите во северниот дел на Ирак

1581948
Министерот за национална одбрана Хулуси Акар: Ќе продолжи борбата против терористите во северниот дел на Ирак

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар говореше на „Воената вежба на турско-азербејџанскиот обединет заеднички баталјон Зима-2021“ којашто продолжува во градот Карс.

Министерот Акар појасни дека Турските вооружени сили (ТВС или TSK) и Азербејџанските вооружени сили со опременоста, квалификуваниот персонал покажаа дека располагаат со силата да ја исполнат секоја задача којашто ќе им се даде на копно, во море, воздух, во зима, лето, на планина, на низина.

Во врска со операцијата „Канџа Орел-2“ која продолжува во областа Гара во северниот дел на Ирак Хулуси Акар порача дека ќе продолжи борбата на Турските вооружени сили (ТВС или TSK) против терористите во северниот дел на Ирак и го рече следното: „Треба да бидеме спремни против секој вид закана и опасност. Бидејќи, не само количината, променето е и својството на заканите и опасностите. Нашата борба во северниот дел на Ирак ќе продолжи. Ги срушивме засолништата врз главите на терористите.“

Акар напомена дека Турција е спремна да направи се што и се паѓа за да ги сподели своите знаења и искуства по прашањето на НАТО за доведување на Ирачките вооружени сили во поефикасна состојба.

Во врска со северниот дел на Сирија, Акар ја даде пораката „Тамошниот терористички коридор е распарчен. Секој треба да знае дека таму не ќе може да се формира терористички коридор и во иднина.“

Осврнувајќи се и на тензијата со Грција и случувањата во Источниот Медитеран, министерот за национална одбрана Хулуси Акар го подвлече следното: „Грција треба да стои далеку од затегнатост, да се откаже од јазикот на закана, да согледа дека не може да постигне ништо со тоа. Било по прашањето на Кипар, било Егејот, било Медитеранот, нашето очекување од трети страни е да бидат објективни, проблемите да ги проценуваат во рамките на умот, логиката, здравиот разум.“

 



Слични вести