Калин: „Веруваме дека ќе отвориме нова страница во односите со администрацијата на Бајден“

Верувам дека тимот на Бајден, стратешкото значење и вредност на Турција ќе ги ставаат во центарот на односите. Верувам дека и тие се спремни за многу позитивни односи со Турција.

1581388
Калин: „Веруваме дека ќе отвориме нова страница во односите со администрацијата на Бајден“

 

Портпаролот на претседателството Ибрахим Калин рече: „Веруваме дека ќе отвориме нова страница во односите со администрацијата на претседателот на Соединетите Американски Држави (САД) Џо Бајден.

Ибрахим Калин во интервју за Си-ен-ен Интернешнл со Беки Андерсон направи проценка на турско-американските односи.

Портпаролот Калин рече дека тимот на Бајден се состои од искусни професионалци и укажувајќи дека тоа се луѓе кои што ја познаваат Турција додаде:

„Особено ако ги земете во предвид тековните предизвици со земјите од Сирија, преку Ирак, Либија, Кавказ и земјите од Заливот, верувам дека нивниот тим (на Бајден) стратешкото значење и вредност на Турција ќе ги ставаат во центарот на односите. Верувам дека и тие се спремни за многу позитивни односи со Турција“.

На прашањето: „Дали очекувате подобри односи со администрацијата на Џо Бајден отколку со администрацијата на (поранешниот претседател) Доналд Трамп? Калин одговори дека Трамп е пријател на Турција и дека секогаш јасно го изнесуваше ставот дека на Турција гледа како на пријателска земја. Што се однесува до односите со администрацијата на Бајден, ние веруваме дека ќе имаме добри односи се додека нашите односи се засноваат на меѓусебно почитување, заеднички интерес и признавање на нашиот меѓусебен суверенитет“.

Бајден претходно 4 пати како потпретседател престојуваше во посета на Турција и верувам дека ова искуство ќе го вреднува како претседател, рече Ибрахим Калин, и заклучи како што следува:

„Почитуваниот претседател ја повтори спремноста за одржување преговори за откуп и набавка на ракетите Патриот или друг одбранбен систем од некој друг сојузник на НАТО. Ние сме подготвени за тоа, спремни сме за целосна соработка. Веруваме дека ќе отвориме нова страница со администрацијата на Бајден. Самиот лично добро ја познава Турција и нашиот претседател“.



Слични вести