Варанк: Турската вселенска агенција подготви програма за издигнување на способностите на нашата земја на уште повисоко ниво

Министерот за индустрија и технологија Мустафа Варанк истакна дека Турската вселенска агенција подготви програма со којашто сегашните способности на земјата ќе бидат издигнати на уште повисоко ниво

1580818
Варанк: Турската вселенска агенција подготви програма за издигнување на способностите на нашата земја на уште повисоко ниво

Министерот за индустрија и технологија Мустафа Варанк беше гостин на уредничкиот деск на новинската Агенција Анадолија „АА“ кадешто направи проценка на бројни актуелни прашања.

Министерот Варанк истакна дека Турската вселенска агенција подготви програма со којашто сегашните способности на земјата ќе бидат издигнати на уште повисоко ниво и ќе ја доведат во значајна состојба во сферата на вселенската економија.

Тој рече: „Тоа што го посакува нашиот претседател од се срце е во вселената да биде испратена жена астронаут. Ќе обезбдиме нашиот најпогоден граѓанин да ја реализира тамошната мисија.“

Велејќи „(Националната вселенска програма) Овие работи не се остваруваат само со човечки ресурси и пари“, министерот Мустафа Варанк продолжи со следните зборови: „Политичкото присвојување на највисоко ниво ги олеснува работите. Ѝ ќе можеме да ја доведеме Турција во состојба на земја која произведува уште поголема додатна вредност, ѝ ќе им обезбедиме на нашите граѓани да доживеат гордост. ќе им придадеме вселенски историјат на технологиите коишто ги реализираме, ѝ ќе дојдеме во состојба на значајна сила во сферата на вселенската економија.“

Министерот за индустрија и технологија Мустафа Варанк истакна дека по прашањето на соработката во сферата на вселената е потпишан договор со 3 земји и рече: „Нашите договори со Пакистан и Азербејџан се готови, дојдено е во фаза на потпис.“ 

Во врска со вакцините коишто се развиваат против новиот тип коронавирус (Ковид-19) пак, министерот Варанк го рече следното: „Моментално имаме 3 кандидати за вакцина кои ќе почнат да се експериментираат врз луѓе. Тоа се инактивни вакцини со основа на VLP и аденовирус.“

 



Слични вести