Претседателот Ердоган: Со нашата Национална вселенска програма прогласивме дека нашиот поглед го свртивме кон вселената

Претседателот Ердоган во врска со Националната вселенска програма којашто беше претставена вчера рече: „Вчера ја соопштивме нашата Национална вселенска програма и со тоа прогласивме дека нашиот поглед го свртивме кон вселената“

1581049
Претседателот Ердоган: Со нашата Национална вселенска програма прогласивме дека нашиот поглед го свртивме кон вселената

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган денеска се приклучи преку линк во живо на 7-те редовни Конгреси на својата владејачка Партијата за правда и развој АКП (АК Партијата) во градовите Османије, Токат и Тунџели.

Претседателот Ердоган во врска со Националната вселенска програма којашто беше претставена вчера рече: „Вчера ја соопштивме нашата Национална вселенска програма и со тоа прогласивме дека нашиот поглед го свртивме кон вселената.“

Тој рече: „Светла идна Турција ќе ја изградиме заедно. Застанувајќи во одбрана на нашата демократија, економија и слобода, одлучни сме да ја внесеме Турција меѓу најголемите 10 земји во светот.“

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во својот говор го додаде следното: „Никој оној посегнува по спокојството на нашите граѓани, благосостојбата на нашата земја и безбедноста на нашата држава, нема да најде углед кај народот.“



Слични вести