Потпретседателот Фуат престојува во работна посета на Турската Република Северен Кипар

Потпретседателот Фуат Октај, денеска првиот ден од посетата се состана со претседателот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Ерсин Татар со кого потоа одржаа прес-конференција

1581090
Потпретседателот Фуат престојува во работна посета на Турската Република Северен Кипар

Потпретседателот Фуат Октај кој денеска отпатува во дводневна работна посета на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) најпрвин се состана со претседателот Ерсин Татар со кого потоа одржаа и заедничка прес-конференција. 

Овде потпретседателот Октај истакна дека Турција по прашањето на Кипар е покрај волјата за решение, а против неправдата.

Велејќи дека ќе биде продолжена целосната поддршка на Турција на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) по прашањето на Мараш под секакви услови, Фуат Октај напомена дека Турција е покрај волјата за решение, а против нерешението, неизвесноста и неправдата на Кипар.

Октај појасни дека Турската Република Северен Кипар (ТРСК) до денеска го прави со добронамерност она што и се паѓа на патот на решението и дека тоа го прави и Турција, а воедно појасни дека моделот за федерација не даде резултат и дека причината за тоа се Грција и кипарско-грчкиот дел.

„Никој да не очекува да ја оставиме сама Турската Република Северен Кипар (ТРСК). На островот има два народи, две демократии и две држави кои ја докажале својата зрелост.“ - рече Октај. 

Потпретседателот Фуат Октај го додаде и следното: „На Кипар нема друг пат за излез освен решение со две држави, ние сме јасни по ова прашање. Треба да се преговара за решение со две држави.“

Претседателот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Ерсин Татар, исто така истакна дека со Турција се во стопроцентна усогласеност во однос на Кипарското прашање.

 



Слични вести