Остра реакција од претседателот Ердоган до грчкиот премиер Мицотакис: Да си ја знаеш границата..!

Претседателот Ердоган истакна дека Турција и Грција би можеле да разговараат за прашањето за решавање на меѓусебните проблеми и покажа остра реакција против грчкиот премиер Киријакос Мицотакис обраќајќи му се со зборовите: „Да си ја знаеш границата..!“

1580905
Остра реакција од претседателот Ердоган до грчкиот премиер Мицотакис: Да си ја знаеш границата..!

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и претседател на владејачката Партија за правда и развој АКП (АК Партијата) говореше пред Пратеничката група на својата партија во Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ).

Претседателот Ердоган, меѓу другото истакна дека Турција и Грција би можеле да разговараат за прашањето за решавање на меѓусебните проблеми и покажа остра реакција против грчкиот премиер Киријакос Мицотакис обраќајќи му се со зборовите: „Да си ја знаеш границата..!“

Ердоган рече: „Велам би можел да разговарам. Мицитакис дава изјава со предизвикување. Како ние би можеле да се состанеме со тебе по ова твое предизвикување? Најпрвин ќе си ја знаеш твојата граница. Ако не си ја знаеш значи дека ти ја клоцна масата, избега. Доколку продолжи вака ние не можеме да седнеме на маса со тебе. Ти се надеваш на доверба на некои планини, но на тие планини на кои имаш доверба падна снег, од ниту една нема да има полза за тебе. Но, ние нашата папочна врвца ќе си ја пресечеме самите, затоа добро ќе ги запознаеш лудите Турци.“ 

Претседателот Ердоган нагласи дека целиот свет треба да знае оти Турција нема да дозволи повеќе да им се наштетува на кипарските Турци поради нерешението коешто продолжува на островот веќе половина век.

„Се гледа е онашто го правите на островите. На што верувате. Нели од некои места повторно ќе ви пристигне поддршка, дали верувате (се надевате) на тоа. Ако верувате на тоа, се лажете. Од каде што и да пристигне. Знајте го добро тоа дека Турција стои цврсто исправена на нозе, стои на своето место и знае да го направи неопходното тогаш кога ќе затреба.“ - порача Ердоган.

Велејќи дека кога ќе се погледне кон изјавите на Грција и кипарско-грчката страна се гледа оти не постои одредена промена кај нивниот став со кој се игнорираат кипарските Турци, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган го подвлече следното: „Веќе не остана друг пат за излез на Кипар, освен решение со две држави. Без разлика дали го прифаќате тоа или не.“

 



Слични вести