Националната вселенска програма на Турција наиде на одек во печатот на САД

Во веста на „АсошиетедПрес“ под наслов „Турција ја соопшти својата вселенска програма која содржи мисија на Месечината во 2023 година“ им се одделува место на изјавите на претседателот Ердоган во говорот што го одржа на организираната програма во Анкара

1580706
Националната вселенска програма на Турција наиде на одек во печатот на САД

Националната вселенска програма на Турција која беше претставена од страна на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган наиде на силен одек во печатот на Соединетите Американски Држави (САД), а пред кај новинските агенции „АсошиетедПрес“ (Associated Press „AP“) и „Ројтерс“ (Reuters).  

Во веста на „АсошиетедПрес“ (AP) под наслов „Турција ја соопшти својата вселенска програма која содржи мисија на Месечината во 2023 година“ им се одделува место на изјавите на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во говорот што го одржа на организираната програма во Анкара.

Во веста се прави проценка во однос на тоа дека претседателот Ердоган, Националната вселенска програма ја оценува како дел од визијата за позиционирање на Турција во проширена регионална и глобална улога. Се укажува дека Турција својата Турска вселенска агенција ја формира во 2018 година и се изнесува ставот дека Националната вселенска програма би можела да влијае за отворање на нови сфери за работа и намалување на одливот на мозоци од земјата, за обезбедување можности за научниците за реализирање на истражувања.

Новинската агенција „Ројтерс“, исто така во веста под наслов „Ердоган рече: Турција има за цел во 2023 година да слета на Месечината“ информира во врска со Националната вселенска програма на Турција којашто беше претставена од страна на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган.

Во веста се нагласува дека претседателот Ердоган во својот говор што го одржа на програмата укажа на 10 утврдени стратешки цели, а воедно се потцртува и новиот сателит на Турција Турксат 5А кој на 8 јануари беше лансиран во вселената од вселенската база Кејп Канаверал во сојузната држава Флорида во Соединетите Американски Држави (САД).

Вестите објавени од страна на новинските агенции „АсошиетедПрес“ (Associated Press „AP“) и „Ројтерс“ (Reuters) беа емитувани и од страна на националните и локалните телевизиски канали, како и весниците во САД,



Слични вести